Социјалните мрежи, особено Facebook и Instagram, се несомнено најголемите модерни феномени на денешницата.
Според последните податоци, околу 2,3 милијарди луѓе имаат профил на Facebook.
Повеќе од 30% од светската популација е присутна на оваа мрежа. Секоја секунда, Facebook добива по 7 нови профили.
Околу 90 милиони фотографии се објавуваат секој ден на Instagram.
Околу 30% од Американците своите вести ги наоѓаат и читаат токму на Facebook.
Глобалниот економски импакт на Facebook во 2015 година бил фрапантни 227 милијарди долари.
Сите овие податоци, само уште еднаш ја потврдуваат моќта и потенцијалот на социјалните мрежи. Искористете ги во свои цели. Допрете до Вашата публика. Следете и анализирајте ја секоја ваша акција и кампања и точно утврдете ја ефикасноста на секој потрошен денар.